Во тешка сообраќајка загина 24-годишно момче од Кичево

Од:

По полноќ, во 01.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот А.Д. од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот, извести МВР.

– Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, соопшти МВР.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Бомба фрлена кон куќа во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Еден повреден и петмина приведени по тепачка на семејна веселба во село во Центар Жупа

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Велешанец силувал Швеѓанка во дискотека во Охрид