Лукашенко: „Украина ја нападна Белорусија“

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека украинската армија се обидела да нападне воени објекти на територијата на Белорусија.

Лукашенко изјави дека Украинците се обиделе да нападнат воени објекти на територијата на Белорусија, но дека сите ракети биле пресретнати.

„Тие не провоцираат. Морам да кажам: пред три дена, тие се обидоа да нападнат воени цели на територијата на Белорусија од територијата на Украина“, рече Лукашенко на свечената средба во пресрет на независноста на Белорусија.

Според него, комплексите Панцир сепак успеале да ги пресретнат сите ракети истрелани од вооружените сили на Украина.

Би можело да ве интересира

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски