Сопруга на екс-министер и ќерка на поранешен функционер од редовите на ДУИ се меѓу осумтемина уапсени во денешната акција на МВР, објави Канал 5.
Еден од осомничените бил долгогодишен шеф на обезбедувањето во поштата, двајца биле поштари, а останатите биле на раководни позиции. На седуммина од нив им е одреден притвор. Полицијата трага по уште двајца.
Причина за апсењето е последниот филмски грабеж на поштата во Чаир извршен на 26 јули, кога двајца крадци украдоа 211 илјади евра и избегале со мотор.
Според информациите на Канал 5, несовесното работење на осомничените вработени го утврдила и внатрешната ревизија направена од „Македонска пошта“.