Асен Василев е кандидат за нов премиер на Бугарија

Од:

Поранешниот вицепремиер и министер за финансии, Асен Василев ќе биде кандидат за премиер на Бугарија од „Продолжуваме со промените“ кирил Петков.

„Тој е човек во кој имам апсолутна доверба, со кого ја започнавме борбата рамо до рамо и со кого ќе ја завршиме рамо до рамо во еден тим. Еден тим со него, со сите членови на ПП, со сите коалициски партнери, со сите
истомисленици. Време е да ги засукаме ракавите и да си ја завршиме работата“, изјави Петков на прес конференција во Софија.

Петков се осврна и на дипломатскиот скандал со Русија.

-Нема да дозволам Бугарија да оди во погрешна насока и странски дипломати да даваат насока со рокови до 12 часот, додаде премиерот во оставка.

Денеска попладне во 17 часот по локално време претседателот на Бугарија ќе му го врачи мандатот на новиот кандидат од ПП за состав на новата бугарска влада во рамки на сегашниот парламентарен состав.

Партијата ќе има рок од седум дена да предложи кабинет. Доколку не биде одобрен, мандатот ќе оди кај ГЕРБ-СДС, кои веќе најавија дека ќе го вратат. После тоа, шефот на државата ќе треба да избере трета формација за да им даде шанса за формирање влада.

Инаку, од Има таков народ реагираат дека за нив, за да влезат во владата не се прифатливи како мандатари ниту Петков ниту Василев.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски