Ердоган: Повикуваме на нови напори за ставање крај на војната во Украина

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повика на интензивирање на напорите за ставање крај на војната во Украина, додавајќи дека „нема губитници“ во праведен мир.

Ердоган рече дека Турција се обидува да води „урамнотежена политика“ поради нејзината голема зависност од рускиот увоз на енергија.

Турција ја снабдува Украина со вооружени дронови и друго оружје, но Ердоган ужива и блиски работни односи со рускиот претседател Владимир Путин, оценуваат западните медиуми.

– Треба да ги засилиме нашите дипломатски напори за да постигнеме трајно примирје, изјави Ердоган за новинарите на крајот од самитот на НАТО.

На состанокот во Мадрид, воената алијанса предводена од САД официјално ги покани Финска и Шведска да се приклучат на блокот.

Нивните кандидатури за членство беа одложени до последен момент од страна на Ердоган, кој побара гаранции дека скандинавските земји ќе се приклучат во борбата на Турција против тероризмот кога се во прашање припадниците на Курдската работничка партија (ПКК), како и ветување дека брзо ќе ги екстрадираат осомничените.

Ердоган предупреди дека спроведувањето на договорот од 10 точки од страна на Шведска и Финска ќе одреди дали тој ќе ја проследи нивната апликација за ратификација до турскиот парламент.

– Доколку ги исполнат обврските, ќе го испратиме во парламентот, ако не ги исполнат, за тоа нема да стане ни збор, потенцираше турскиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он