СЗО: Американската забрана на абортусот ќе предизвика проблеми и смртни случаи

Од:

Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејсус предупреди дека неодамнешната одлука на Врховниот суд на САД за укинување на правото на абортус ќе предизвика здравствени проблеми и смртни случаи.

-Сите жени треба да имаат право да одлучуваат за своето тело и здравје. Точка, рече Тедрос во Женева, додавајќи дека „со безбеден абортус се грижиме за нашето здравје“.

„Така се спасуваат животи. Ограничувањето ќе ги натера жените и девојчињата да абортираат на небезбеден начин, што ќе предизвика компликации и смрт“, додаде тој, пренесе ДПА.

Врховниот суд на САД во петокот ја смени одлуката стара 50 години со која се гарантира правото на абортус во сите сојузни држави на САД.

Судот со таа одлука го олесни усвојувањето на построги закони за абортус, вклучително и целосна забрана во сојузните држави кои така одлучуваат.

Законите за забрана стапија на сила веднаш во некои држави.

Во многу американски сојузни држави лекарите кои вршат абортуси може да завршат во затвор поради тоа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија