Пејачот Ламбе Алабакоски одржа настап на плоштадот во скопската населба Автокоманда. Тој најпрвин се фотографираше и поздрави со присутните во публиката, а имаше и такви кои му даваат подароци со македонски симболи.
Настапот на Ламбе беше дел од музичкиот настан кој го организира Општина Гази Баба, под мотото “Семејството столб на општеството – Децата иднина на светот”.
На концерот присутен беше и градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.
Ова е прв настап на Ламбе, откако беше уапсен поради палењето на бугарскиот центар „Иван Михајлов“ во Битола.