Русија: Ако не се вразуми, ќе биде болно за Литванија

Од:

Литванија ќе се соочи со исклучително остар одговор од Москва, доколку не се нормализира транзитот на стока во Калининградската област, изјави Марија Захарова.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи на денешната прес-конференција изјави дека Русија внимателно ја следи ситуацијата.

„Потврдуваме дека Русија подготвува одмазднички мерки кои ќе бидат болни за Литванија“, рече таа.

Тие мерки ќе бидат преземени, како што објасни таа, доколку не се нормализира состојбата околу транзитот кон Калининград.

„Се надеваме дека нашите таканаречени партнери на крајот ќе покажат здрав разум“, нагласи Захарова, пренесува Тасс.

Таа се осврна и на забелешката на литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис дека Русија не треба да извојува дипломатска победа по прашањето за санкциите.

„Бидејќи зборувате за победи, почитувани политичари во Брисел и Литванија, тогаш да дадете изјава дека сте ја започнале војната. Или погрешно ве разбравме“, рече Захарова.

На 18 јуни годинава Литванија ги известила властите на Калининград за забраната за железнички транзит на санкционирана стока до таа руска енклава, а на 21 јуни е забранета и забраната е проширена и на транзитот на камиони.

Руското Министерство за надворешни работи и Кремљ претходно соопштија дека активностите на Литванија се спротивни на меѓународните договори, а регионалниот гувернер Антон Алиханов на 24 јуни изјави дека, според некои извештаи, Европската унија е подготвена да направи одредени отстапки во однос на транзитот на стоки.

Меѓутоа, претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, подоцна изјавил дека неговата земја не е подготвена да прави отстапки по тоа прашање, наведува руската агенција.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот