Анкета: Поскапувањето на цените – најголема загриженост за Грците

Од:

За 85,3 отсто од Грците, поскапувањата на цените предизвикуваат најголема загриженост, а за речиси половина од анкетираните (49,8 отсто) националните прашања односно грчко- турските односи, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Marc“ за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

За грчко-турските односи, повеќе од половина анкетирани, односно 56,5 проценти сметаат дека владиниот став во однос на Турција е во правилна насока, 52,1 отсто одговориле дека е сигурно или веројатно можно во текот на летото да има некаков инцидент во Егејското Море, а 45,3 проценти оцениле дека не е многу/воопшто веројатно.

Во однос на сценаријата за предвремени избори во земјата на есен, кои во изминатиот период се сè погласни, речиси седум од десет анкетирани (67,3 отсто) оценуваат дека ќе се одржат на есен, а 46,5 проценти го посакуваат тоа, наспроти 48,1 отсто кои посакуваат изборите да бидат следната година, на крајот од четиригодишниот мандат на Владата.

На политичката сцена, Нова демократија, според резултатите и од оваа анкета има подобар рејтинг од опозициската СИРИЗА со разлика од десет отсто.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Marc“ за телевизијата „Антена“ било спроведено од 22 до 25 јуни со вклучени 1.059 лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната