Обединетите Нации соопштија дека во акција се спасени 82 деца, кои биле регрутирани да бидат војници во оружена група во Конго.
Се работи за деца на возраст од 8 до 17 години, меѓу кои има и 13 девојчиња. Благодарение на локалните агенции за заштита на децата, тие се сега со своите семејства.
Децата во последните шест месеци, ги регрутирала групата Маи Маи Баката-Катанга.