Стојаноска: Да се симне имунитетот на пратеникот Арбер Адеми и да одговара за насилството во Собранието

Од:

„Вчера бевме сведоци на уште едно самоволие и насилство на владеачкото мнозинство во Собранието. Вчера на комисијата за европски прашања пратеникот и претседател на комисијата Арбер Адеми дивееше, кршеше инвентар и фрлаше предмети по пратеници. Очигледно нервозата во ДУИ и СДСМ расте и ја губат контролата . Несанкционирањето на примитивизмот на Талат Џафери, кој пцуеше службеници во Собранието и заклучуваше пратеници во пленарна сала, е причина таквото недемократско поведение да продолжи да се манифестира од други членови од мнозинството“, рече Дафина Стојаноска, пратеничка на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ..

„Јавноста виде дека вчера на Комисијата спротивно на Деловникот, Арбер Адеми се обиде да заклучи дневен ред иако имаше пријавено пратеници кои истиот сакаа да го надополнат. Тој ги оневозможи пратениците Снопче, Азири, Стојановска, Милошоски, Петрушевски да го искористат деловничкото право да предложат други точки, пред истиот да биде усвоен. Кога беше спречен од колегите пратеници тој се изгуби тотално почна да навредува, да влече и удира, да уништува инвертар, па дури и намерно да фрла цврсти предмети од кои еден го погоди колегата Азири директно во главата.

Основот за ова насилие е носење на закон за противправно продолжување на мандатот на Кацарска судиите и Русковска обвинителите кое владеачкото мнозинство се обидува шверцерски да го протурка.

Ова веќе ги преминува сите граници, ова веќе е класичен пример за кривично дело. Повикуваме Јавното обвинителство да реагира, а во исто време бараме да се симне имунитетот на пратеникот Арбер Адеми и да одговара за насилството во законодавниот дом. Очекуваме и пратениците од коалицијата на СДСМ и Димитар Ковачевски да излезат од скутот на ДУИ и еднаш барем да се охрабрат и да санкционираат вакво однесување, бидејќи гледаме дека кога едно самоволие и насилство не се санкционира, тогаш уште поголемо се повторува.

Ваквата нервоза и насилство го покажува тоталитарното лице на власта, но во исто време и слабоста и очајот кој владее кај нив затоа што знаат дека паѓаат“, изјави Дафина Стојаноска, пратеничка на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“