Овации за фантастичниот блуз-бенд „Гуру Харе“

Од:

Многубројна публика, громогласен аплауз и многу задоволни лица беа дел од атмосферата на вчерашниот настап на фантастичниот блуз-бенд „Гуру Харе“.

Платото „Лептокарија“ беше преполно со обожавателите на џез, блуз и на рок-музиката на оваа позната група. „Како и да е “, „With out love“, „Петромен“ и многу други, беа само мал дел од многуте хитови што се свиреа вчеравечер во Карпош.

Уметничкото дело на платно што рацете на карпошанката Касиопеја Наумовска го насликаа инспирирани од џез-звуците, беа незаборавна глетка за присутните. Големо изненадување за љубителите на уметноста беше тоа што ликовниот перформанс што уметницата го работеше во текот на вечерта ќе биде претставен и во Берлин каде германската публика ќе има можност да го запознае талентот на Касиопеја.

Шестото по ред „Карпошово културно лето“ ќе трае сè до шести следниот месец. Повторна средба со џез-музиката карпошани ќе имаат на концертот на „Симон Киселички трио“, кога ќе биде претставена и изложбата на дела од четвртиот Меѓународен акварелен симпозиум.

Карпошани, како и сите граѓани на главниот град и на Републиката, во текот на шестата по ред едномесечна културна манифестација, ќе се забавуваат со звуците на најпознатата поп-дива на нашите простори, Каролина Гочева, како и со стендап-комедијата на Весна Петрушевска, Бојан Велевски и на Ефтим Трајчов-Ѓаурски. Филмоманите ќе гледаат проекција на филмот „Салата Македонија“ и воедно ќе дегустираат македонска храна и етно-музика. Големиот избор што го нудат карпошовите летни вечери продолжува, а фактот дека уживањето во културата во рамките на манифестацијата е бесплатно, го прави присуството задолжително

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира