МТСП: Во тек е етапната исплата на јунските пензии

Од:

Министерството за труд и социјална политика известува дека од денеска започнува етапната исплата на јунските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2022 година (вторник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2022 година (среда);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2022 година (четврток); и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.07.2022 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 28 јуни (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, информираат од МТСП.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред и во банките со цел заштита на личното и јавното здравје.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ: Сите пратенички групи да го поддржат Предлог законот за зголемување на пензиите

Горан Наумовски

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ