На грчките острови Иос и Самос фатени 121 нелегален имигранти

Од:

Вкупно 121 нелегални имигранти биле фатени во последните 24 часа на грчките острови Иос и Самос, пренесе ДПА.

На островот Иос биле приведени 81 бегалци, кои пристигнале до брегот со чамци на дување. Крајбрежната стража фатила други 40 бегалци, кои пристигнале со рибарски чамци до островот Самос.

Нелегалните имигранти, од кои повеќето се од Сирија и Авганистан, стигнале го грчките острови откако минале преку Турција.

Во текот на првите шест месеци од 2013 година во Грција биле приведени околу 20 илјади нелегални имигранти, забележа ДПА.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит