Египетскиот премиер предложи распуштање на „Муслиманско братство“

Од:

Египетскиот премиер Хазем ел Беблави предложи да се распушти исламистичкото движење „Муслиманско братство“ и преодната влада ја проучува идејата, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на портпаролот на владата.

Тој подвлече дека помирувањето е можно само за оние чии раце не се натопени со крв.
Најмалку 173 лица вчера беа убиени во земјата при растурањето на протестите на приврзениците на соборениот претседател Мухамед Морси од страна на силите за безбедност, соопшти денеска Министерството за здравство.

Исламистичкото движење, основано во 1928 година, било распуштено во 1954 година од тогашните воени владетелеи со Египет, но во март повторно се регистрира како невладина организација како одговор на судскиот процес, почнат од опонентите кои ја оспоруваат неговата законитост.

„Муслиманско братсво“ има и политичко крило, Партијата за слободата и правдата.
Таа беше формирана по падот на режимот на претседателот Хосни Мубарак во февруари 2011 година и брзо се претвори во водечка политичка сила во Египет.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски