(ВИДЕО) Тепачка во Собрание: Арбер Адеми со крвави раце откако фрлаше со предмети по пратениците

Од:

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми од ДУИ со предмети фрлаше кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Прво со шоља за кафе, а потоа и тацна фрлаше низ салата. Неофицијално, станува збор за кавга со Антонијо Милошоски. Откако Адеми се изнервирал, со предмети фрлал по него. Адеми фрлајќи со предметите се повреди, а почна да му тече крв и од раката.

Адеми, освен што фрла, замавнува и мава по пратениот Милошоски. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ му велат: „Каде се наоѓаш?“, додека тој продолжува со неговото агресивно однесување. Освен по Милошоски, Адеми удира и по рака на друг пратеник од опозицијата што се гледа од видеото.

Пратеничката Арта Биљали-Зендели се обидува да го тргне, влечејќи го наназад, со цел да престане со фрлање на предмети и удирање, но тој повторно се враќа. Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ кога приметува дека пратеникот Миле Лефков снима, му става рака врз камерата. Во еден момент, интервенира и собраниското обезбедување.

Недостапен за коментар е Арбер Адеми, кој фрлаше со собраниски предмети кон пратениците и удираше кон нив. Тој не одговараше на повиците од „А1он“.

Би можело да ве интересира

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тепачка во авион, патниците мораа насилникот да го врзат со селотејп

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции