Претставата Во детската соба на ТДМ на „Скопско лето“

Од:

Во понеделник од 19 часот, во Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје, ќе биде изведена куклено – визуелната претстава „Во детската соба“, во рамките на програмата на фестивалот „Скопско лето“.

Претставата е авторски проект на режисерката Милена Миланова од Бугарија, а истата раскажува приказна за четворица чудни специјалисти вработени во компанијата ,,Kрени-носи”. Тие ја имаат способноста да раскажуваат спомени, скриени во кутии. Нивното мото е „Крени-носи, секогаш подготвени да помогнеме”. Тие имаат задача да ги пренесат кутиите од детската соба на едно мало дете-Саша. Кутиите не се обични, туку волшебни, магични. Во секоја од нив се крие по една приказна, еден детски спомен за пријателството. Со помош на мачката Ѕвездана, со песни, кукли и бои, нашите храбри крено-носачи ќе ни ја раскажат приказната за детството на малиот Саша. За неговата средба со малото глувче, со големата риба, за подароците, за патувањата со родителите, за соништата, мечтите, борбите и пријателствата на малиот Саша. „Во детската соба“ е претстава за едно дете кое учи да се поврзува и да другарува со останатите.

Станува збор за куклена претстава работена по различни современи методи. Еден од нив е и методот за создавање визуелен театар и визуелна драматургија на Филип Женти и Мери Андервуд, француски режисери, кореографи, куклари со кои Миланова има соработувано во претходните години. Авторката исто така во претставата го користи и методот на театарот на материјалот.

Во претставата играат: Ангела Димитрова, Ана Левајковиќ Бошков, Никола Наковски, Петар Стојанов, Катарина Илиевска Силјановска и Ненад Митевски.

Би можело да ве интересира

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022

Отворање на Скопско лето 2022

Ана Ололовска

Јубилејна 250. изведба на претставата „Црвенкапа“ на Театарот за деца и младинци

А1он

Староградски албански песни вечер на „Скопско лето“, фестивалот завршува утре со концертот „Вода“

Ана Ололовска