ВИДЕО: Објавени снимки од гранатираните објекти во Киев, први информации за жртви

Од:

Четири експлозии го потресоа утринава Киев. Гранатирањето се случи во станбена зона во близина на центарот на градот каде избувнал пожар и извирал густ сив чад, јави агенцијата Франс прес.

Експлозиите се слушнале околу половина час по означената воздушна опасност во главниот град, кој не беше цел на руското бомбардирање околу три недели.

Уште експлозии во областа Шевченковски“, напиша градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.

„Амбулантни возила и спасувачи се на терен. Во тек е спасување и евакуација на жителите во две згради“, додаде тој.

Едно лице загина, според непотврдени информации на Јулија Мендел, поранешна портпаролка на претседателот.

Украинската пратеничка Лесија Василенко објави дека жртвата е татко на седумгодишно девојче кое е повредено во нападот. Таа рече и дека биле испукани најмалку осум проектили. Претходно нејзиниот колега пратеник Олексеј Гончаренко изјави дека се лансирани 14 проектили.

Во тек е спасувачка акција за извлекување на луѓето кои се заглавени во урнатините.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков