Бајден бара решенија по одлуката на Врховниот суд за абортусот потврди Белата куќа

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ќе продолжи да бара решенија откако Врховниот суд ја укина пресудата со која се гарантира правото на абортус во САД, рече неговата портпаролка додека Белата куќа разгледуваше можни извршни наредби.

„Ништо не може да ја пополни празнината создадена со оваа одлука“, изјави портпаролката Карин Жан-Пјер за новинарите на „Ер Форс 1“, каде што американскиот претседател отпатува во Германија на самитот на седумте најбогати земји.

„Единствениот начин да се пополни таа празнина е Конгресот да дејствува“, додаде таа.

Жан-Пјер рече дека очекува дека ќе има правни предизвици за ограничувањата на државно ниво за жените кои патуваат да абортираат.

Таа, исто така, рече дека Бајден не ги поддржува предлозите за проширување на Врховниот суд и покрај тоа што не се согласува со најновите пресуди за абортус и оружје.

Би можело да ве интересира

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија