По одлуката на Врховниот суд во САД почнаа да се затвораат клиниките за абортус.
Во клиниката за абортус Литл Рок во Арканзас, држава која има прописи кои наметнуваат итна забрана во случај на ваква одлука на Врховниот суд, вратата за пациентите се затвори веднаш штом одлуката беше објавена на интернет.
Вработените им се јавуваат на пациентките да им ги откажат закажаните термини.
Демонстрантите излегоа на улиците во градовите низ САД. Во Феникс, Аризона, полицијата употреби солзавец откако демонстрантите удираа на вратите и прозорците.
Во Лос Анџелес демонстрантите накратко го блокираа сообраќајот на автопатот.
Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека со ваквата одлука земјата се враќа надаз за 150 назад. Реакции има од сите големи меѓународни организации како Обединетите нации и СЗО како и од дел од европските лидери.