МААЕ: Здравјето на персоналот во нуклеарната централа Запорожје е загрозено

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е се позагрижена за здравјето на украинскиот персонал во нуклеарната централа Запорожје во Украина, што е под контрола на руските сили, се вели во денешното соопштение на организацијата.

„МААЕ е свесна за неодамнешните извештаи во медиумите и на други места кои укажуваат на влошување на работните услови на украинскиот персонал во најголемата нуклеарна централа во земјата“, се вели во соопштението на МААЕ. Тие додаваат дека организацијата сака да испрати свои експерти во Запорожје што е можно поскоро.

Руските сили ја заземаа нуклеарната централа Запорожје на почетокот на март оваа година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3