Си од Бизнис форумот на БРИКС упати апел за мир во Украина

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг на отворањето на Бизнис форумот на БРИКС упати апел за мир во Украина.

Тој истакна дека војната во Украина уште еднаш го вклучил „алармот на човештвото“.

Но, Си не ја критикуваше Русија, која е членка на БРИКС, а исто така не ги спомна ниту западните земји ниту НАТО.

– Државите ќе бидат во неволја ако слепо веруваат во својата сила, ги прошират воените сојузи и ја бараат сопствената безбедност на сметка на другите. Историјата покажа дека хегемонијата, групната политика и конфронтациите меѓу блоковите не носат ниту мир, ниту стабилност, туку војна и конфликт, посочи Си на Форумот преку видео врска.

Тој додаде дека меѓународната заедница мора да работи заедно за да се спротивстави на хегемонијата и на политиката на моќ.

Лидерите на Бразил, Русија, Индија, Кина и на Јужна Африка треба утре ќе одржат виртуелен состанок, со кој претседава Кина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он