Лидерот на бугарското опозициско Движење за права и слободи, Мустафа Карадај, вечерва заминува за Брисел по гласањето за недоверба на бугарската влада, соопшти партиската прес-служба.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Карадај ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон и со премиерите на Белгија – Александар де Кроа, на Холандија – Марк Руте, на Луксембург – Ксавиер Бетел, на Естонија – Каја Калас и на Ирска – Михал Мартин.
Тој ќе учествува на Средбата на врвот на европските либерали, што ќе се одржи во главниот град на Белгија пред Европскиот совет на 23 и 24 јуни 2022 година.
Извор: МИА