Организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешенел побара денеска целосна и непристрасна меѓународна истрага за крвопролевањата во Египет, предупредувајќи на несразмерна сила на власта против демонстрантите.
Организацијата, со седиште во Лондон, исто така апелираше на експертите на ОН да им се овозможи да го истражат насилното сузбивање протести.
Амнести тврди дека египетските сили за безбедност „неовластено користеле смртоносна сила“ и оти ги прекршиле ветувањето дека ќе им дозволат на ранетите безбедно да излезат од опколената џамија во Каиро.
Организацијата предупредува дека силите за безбедност не прават разлика меѓу насилни и ненасилни демонстранти и оти во насилствата страдаат и случајни минувачи.
Следбениците на соборениот претседател Мохамед Морси изјавија дека секојдневно ќе протестираат.
Египетската армија го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси на 3 јули и оттогаш речиси секојдневно траат протестите во сите поголеми градови, особено во Каиро.
Силите за безбедност на 14 август почнаа да отстрануваат два протестни кампови на приврзаниците на Морси и тогаш почнаа судири меѓу демонстрантите и силите за безбедност во кои загинаа над 600 лица.