Бугарското Народно собрание ќе избира нов председател, а подоцна ќе гласа за недоверба на владата на Петков

Од:

Денешната редовна седница на бугарското Народно собрание ќе почне со процедура за избор на нов претседател, јави дописникот на МИА од Софија.

По изгласаната смена на Никола Минчев, функцијата ја презеде Мирослав Иванов. Можно е најголемата партија во Народното собрание „Промените продолжуваат“ повторно да го предложи Минчев за шеф на парламентот.

Ива Митева од партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ е второто име што се споменува за оваа функција, иако таа изјави дека одбила да биде номинирана во оваа сложена политичка ситуација во Бугариј а.

На вонредна седница вечерва во 19 часот и 10 минути пратениците треба да гласаат за барањето недоверба на владата на Кирил Петков.

И денеска во парламентарната комисија за надворешна политика на бугарскиот Парламент во 15 часот треба да се одржи состанок на кој ќе се разгледа предлогот на француското претседателство со ЕУ за одобрување на преговарачката рамка за Северна Македонија и одржување на првата меѓувладина конференција.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?