Најквалитетната шпанска лига својот почеток на новата сезона ќе го има вечер со трите натпревари кои што се на програмата.
Први на теренот ќе се појават (19 часот) Реал Сосиедад – Хетафе, а потоа се дуелите Ваљадолид – Атлетик Билбао и Валенсија – Малага.
В недела ќе се одиграат четири натпревари, кога ќе се појават и најголемите кандидати за титулата шампионот Барселона и Реал Мадрид. Двојките во недела се: Барселона – Леванте, Осасуна – Гранада, Реал Мадрид – Бетис и Севиља – Атлетико Мадрид.
Последните три натпревари од 1.коло се играа во понеделник: Рајо Ваљекано – Ечле, Алмерија – Виљареал и Селта – Еспањол.