Влада: Исплата на пензиите од 28 јуни

Од:

На денешната седница беше усвоена Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година, со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.6.2022 година.

Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.6.2021 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2022 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2022 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2022 година (четврток), и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.07.2022 година (петок).

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ: Сите пратенички групи да го поддржат Предлог законот за зголемување на пензиите

Горан Наумовски

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ