Макрон почнува консултации со политичките партии во Франција по губењето на апсолутното мнозинство во Парламентот

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска и утре ќе одржи серија состаноци со претставниците на политичките партии со цел да се дефинира стратегија која ќе биде во „интерес на Франција“, откако неговата коалиција Заедно го изгуби апсолутното мнозинство во Парламентот.

Според извор во Елисејската палата, како што пренесуваат тамошни медиуми, „претседателот на Републиката е одлучен да дејствува во интерес на Французите“.

Републиканците и левичарското движење Нупес веќе позитивно одговориле на повикот на Макрон.

Коалицијата на Макрон не успеа да ги освои потребните 289 пратенички места од вкупно 577 за да го задржи апсолутното мнозинство. Коалицијата по вториот круг на парламентарните избори, одржани во неделата, доби 245 пратеници. Левиот блок Нупес ќе има најмалку 150 претставници. По нив следуваат екстремно десничарскиот Национален собир со историски резултат од 89 места, а по нив се Републиканците.

Француските меидуми посочуваат дека Макрон ќе бара сојуз или со конзервативните републиканци или ќе предводи малцинска влада која ќе мора за законите да преговара со другите партии од случај до случај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата