Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 104 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, а осум за минување на затворен сигнал – црвено светло. Изречени се и 18 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, две мерки за користење на мобилен телефон, две за некористење сигурносен појас…, соопшти МВР.
– Aкциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР.