Бајден: Малку веројатно е дека ќе ја посетам Украина за време на европската турнеја

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека е „малку веројатно“ да ја посети Украина за време на претстојната европска турнеја.

„За време на таа посета, тоа е малку веројатно“, им одговори Бајден на новинарите кои го прашаа дали планира да ја посети Украина како дел од турнејата во чии рамки прво оди во Германија во сабота на состанокот на Г7, а потоа во Мадрид на 28 јуни на самитот на НАТО.

Овие два дипломатски собира се одржуваат четири месеци по почетокот на руската инвазија на Украина.

„Тоа зависи од многу работи. Од тоа дали тоа им создава потешкотии на Украинците или не, дали тоа го одвлекува вниманието од она што се случува“, рече Бајден, додавајќи дека неколку пати неделно разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Одам во Германија, во Шпанија, одам во Израел и во Саудиска Арабија… потоа се враќам, веројатно директно“, додаде Бајден.

Американскиот претседател од 13. до 16 јули ќе ги посети Израел, Западниот Брег и Саудиска Арабија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски