Британскиот премиер Борис Џонсон се чувствува добро по операцијата на синусите, направена утринава под општа анестезија и попладне ќе одржува состаноци во неговата канцеларија на Даунинг стрит, изјави неговиот портпарол.
„Премиерот е добро и се врати во канцеларијата, бидејќи треба да одржува состаноци попладне“, рече неговиот портпарол, додавајќи дека Џонсон утре ќе претседава со кабинетот.
Како што наведе, Џонсон утрово околу шест часот отишол во болница, а нешто по 10 часот се вратил на „Даунинг стрит“.
Извор: МИА