58% од Бугарите не ги одобруваат постапките на Путин во Украина, 23,3% го поддржуваат

Од:

Според истражувањето на „Галуп интернешнал“, 58,8 отсто од бугарските граѓани не ги одобруваат постапките на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, а 23,3 отсто го мислат спротивното. Меѓу нив има и постари луѓе, поддржувачи на политички сили кои традиционално се попроруски настроени.

Повеќе од половина од учесниците во истражувањето 53,1 отсто наведуваат дека главен извор на информации им е телевизијата, потоа социјалните мрежи – 22,3 отсто, а уште 16,6 отсто како главен извор ги посочуваат другите сајтови на Интернет.

Радиото и весниците многу заостануваат како главен извор на информации.

Кај младите во Бугарија социјалните медиуми се апсолутен центар, а на второ место се останатите интернет страници, покажа анкетата на „Галуп“.

Од бугарските телевизии, како најобјективна во однос на информациите од војната во Украина се гледа Бугарската национална телевизија со 32,5 отсто, потоа двете големи приватни телевизии bТВ и Нова со 28,1 отсто и помалите приватни телевизии со 15,9 отсто.

Граѓаните на Бугарија претпочитаат да бидат информирани од бугарски извори и медиуми во однос на странските, 39 отсто велат дека бугарските медиуми се сигурен извор, а 28,3 отсто би сакале странски.

Во исто време, 50,7 отсто од учесниците во истражувањето сметаат дека информациите што ги шират медиумите во Бугарија за војната во Украина се прилично неверодостојни, а 25,9 отсто од испитаниците сметаат дека се веродостојни. Останатите се двоумат, наведува „Галуп“.

Според истражувањето, 35 отсто наведуваат дека наидуваат на вести кои можат да ги опишат како лажни, секој ден или речиси секој ден. Околу четвртина од анкетираните или 24,1 отсто споделуваат дека неколку пати месечно наидуваат на лажни вести, а 11,3 отсто барем еднаш месечно.

Анкетата беше спроведена меѓу 1003 полнолетни бугарски граѓани, меѓу 2 и 10 јуни 2022 година преку директно полустандардизирано интервју лице в лице по случаен избор меѓу претставници на возрасната популација во земјата.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

А1он