Ирак: Без политичко мешање во одлуките на ОПЕК

Од:

Ирак ја смета Русија за важна членка на светскиот пазар на нафта и се противи на политичко мешање во одлуките на ОПЕК, изјави за РИА Новости портпаролот на ирачкото Министерство за нафта Асем Џихад, пренесува БГНЕС.

Претходно, „Волстрит џурнал“ објави, повикувајќи се на делегати на ОПЕК, дека голем број членки ја истражуваат можноста за суспендирање на учеството на Русија од договорот ОПЕК + во знак на солидарност со западните санкции.

– Русија е многу важна членка (на светскиот пазар на нафта), ние не сакаме политичко мешање во одлуките на ОПЕК, рече Џихад, во коментар за Волстрит џурнал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Нападната е американска воена база во Ирак

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија