Рекордната неизлезеност на француските гласачи на парламентарните избори достигна 54 отсто

Од:

По многу тесните резултати минатата недела меѓу претседателското мнозинство и Нупес, вториот круг од законодавните избори оваа недела се најавуваше како неизвесен, за назначувањето на 577 идни пратеници на Националното собрание. Сепак институтите за испитување на јавното мислење велат дека неизлезеноста е масовноа како и во првиот круг (53%) и ќе изнесува околу 54 отсто, јави дописникот на МИА.

Една недела на кампања помеѓу двата круга беше кратка и напната. Штом се дознаа резултатите од првиот круг на парламентарните избори, ставајќи ги макронистите и сојузот на левицата рамо до рамо, инвективите пораснаа со иста брзина како и живата во термометрите. Под притисокот на добрите резултати на Нупес, како и подемот на Националниот собир, претседателското мнозинство се зацврсти на своето „ниту крајно десно“, „ниту крајно лево“, демонизирајќи ги Меланшон и неговиот сојузот на левицата за да флертуваат со десничарскиот електорат. Заостанувајќи во анкетите, сојузот на левицата се обидуваше да ги мобилизира младите луѓе кои масовно се воздржаа. Во прашање: апсолутно или релативно мнозинство на Емануел Макрон во Собранието.

Според првите проценки се движиме кон релативно мнозинство за Емануел Макрон. Иако според анкетата на Одокса Бакбонб Консултин за Фигар, дури 70% отсто од Французите не сакаат Емануел Макрон да добие апсолутно мнозинство во Националното собрание.

Сценарио кое би можело да се оствари, според проекциите на оваа анкета. Заедно! – сојузот на макронистите би добил меѓу 252 и 292 пратенички места, едвај повеќе од апсолутното мнозинство (289), во најповолното сценарио. Што се однесува до Нупес, тоа би можело да освои помеѓу 179 и 225.

Би можело да ве интересира

Напад со секира во француски воз, четворица повредени, двајца се во тешка состојба

А1он

Го убил соседот со моторна пила, полицијата откри страшна сцена во Франција

А1он

Украина ќе го добие првиот воен авион Мираж 2000 на почетокот на следната година

Франција: Ако Северна Кореја испрати војници во војна, тоа е сериозна ескалација

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски