Стапката на учество на вториот круг на парламентарните избори во Франција е многу малку намалена во споредба со првиот круг

Од:

Речиси 38,11 отсто од пријавените француски гласачи излегле да гласаат на вториот круг од парламентарните избори кој се одржува денеска во Франција, покажуваат бројките соопштени од МВР за излезноста до 17 часот. Бројка, која е многу малку намалена во однос на првиот круг, кога во истиот период на денот гласале 39,42 отсто од пријавените, јави дописникот на МИА.

Бројките покажаа дека е малку поизразена незаинтересираноста кај гласачите за овој втор круг од законодавните избори во Франција. Додека најголемиот број од гласачките места се затвораат во 18 часот (20 часот) за поголемите градови, излезноста беше 38,11 отсто до 17 часот. Бројка малку пониска во однос на првиот круг, каде што на гласање излегоа во исто време 39,42 отсто од гласачите.

Напладне, учеството изнесуваше 18,99 проценти според МВР, бројка со многу мала прогресија (0,56%) во однос на првиот круг пред една недела, но и во однос на вториот круг во 2017 година, каде што достигна 17,75 отсто.

За овој втор круг, мобилизацијата беше суштинско прашање: секоја страна, рамо до рамо во првиот круг, се надеваа дека ќе добијат повеќе гласови. Во неделата на 12 јуни, 52,49 отсто од гласачите не излегле на гласање. Бројката е исто така зголемена во однос на 2017 година, кога не гласале 51,3 отсто од гласачите.

Кандидатите и лидерите на политичките партии излегоа да гласаа уште во раните часови. Сите се свесни дека на повидок е нов голем потрес во Француското Национално собрание, по ерупцијата на Републиката во марш во 2017 година. Без да се прават прогнози за денешното гласање, четврто за два месеци, веќе е извесно дека составот на Палатата Бурбон значително ќе се промени, со веројатна победа на мнозинството, левиот блок ќе стане главна опозициска сила, освен ако се случи пресврт – да успее да наметне кохабитација. Екстремна десница треба да го премини прагот со многу веројатно конституирање на пратеничка група и десницата која ќе се обиде да го спаси она што може да се спаси… и која дури, конечно, може да се најде во позиција да биде резервна сила на Емануел Макрон.

Без оглед на пресудата на изборите, новото Собрание ќе биде помалку монолитно и затоа потенцијално помалку послушно од претходното, оживувајќи ја парламентарната виталност во голема мера заборавена во екстремно претседателски режим.

Овој втор круг од законодавните избори ветува радикална промена во Француското Национално Собрание, каде партијата на Емануел Макрон владее без опозиција од 2017 година. Сценариото за релативно мнозинство и најавеното заминување на неколку министри, кој денес нема да бидат избрани за пратеници, станува се појасно, додека обединетата левица-НУПЕС се подготвува да стане прва опозициска сила.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт