Почина поранешниот дански министер за надворешни работи Уфе Елеман-Јенсен

Од:

Почина Уфе Елеман-Јенсен, кој беше министер за надворешни работи на Данска повеќе од 10 години од раните 1980-ти.

Елеман-Јенсен е носител на највисокото македонско државно признание „8 септември“, кое му беше доделено за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Македонија со Данска, како и поради неговиот придонес во јакнењето на меѓународната положба и углед на македонската држава.

Елеман-Јенсен важеше за еден од клучните политичари на нордискиот регион во последната фаза од Студената војна, а почина на 80-годишна возраст.

Конзервативно-либералната партија Венстре, предводена од Елеман-Јенсен од 1984 до 1998 година, денеска соопшти дека тој починал во текот на ноќта по долго боледување.

Данската премиекар Мете Фредериксен изјави дека Елеман-Јенсен бил остар политичар, голема личност и човек со голема храброст.

– Тој вешто ја претставуваше нашата земја за време на Студената војна, рече Фредериксен, додавајќи дека Елеман-Јенсен инсистираше Данска да остане посветена на заедничката политика на НАТО и повика на одржување блиски врски меѓу Европа и САД.

Зад него остави сопруга, четири деца и 10 внуци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ