(ВИДЕО) Ковачевски: Предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните

Од:

Предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните туку ќе ги продлабочат затоа го затвораме ова прашање, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција по средбата со коалициските партнери.

Тој го реафирмираше ставот дека следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин, односно во 2024 година.

Во однос на најавите од ВМРО-ДПМНЕ дека ако нема договор за предвремени избори до крајот на летото ќе го блокираат системот, Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања рече дека уцени не прифаќа.

„Тие ги блокира општините откако станаа градоначалници. Во сите градови по првичното фотографирање каде беа промовирани претходни проекти на СДСМ веќе нема ни фотографирање, бидејќи не постојат нови проекти“, рече Ковачевски.

Во однос на најавите за блокадатите во Собранието, како што рече, секој може да блокира, но тоа не е одговорно. Апелираше до пратениците на опозицијата да бидат на ниво на задачата бидејќи законите се од интерес на граѓаните.

На прашањето како ќе функционира државата во време на криза со оглед на несогласувањата со опозицијата, Ковачевски одговори: „Државата ќе функционира како до сега“ и обраложи дека и досега се носат антикризни мерки кои даваат резултати.

Би можело да ве интересира

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски