ВИДЕО: Започна средбата на премиерот Ковачевски со владината коалиција

Од:

Започна средбата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со владината коалиција. На средбата се присутни лидерите од сите коалициони партнери на Владата.

Целта на денешната средба, како што информираат од владиниот прес центар, е да се потенцираат силните активности на Владата во насока на водењето на економските политики во земјава во услови на светска криза. Коалиционите партнери предвидено е да разговараат за мерките и поддршката за зголемување на стандардот на граѓаните во овој период на најголема економска криза како и политиките поврзани со евроинтеграциите.

На средбата уште еднаш ќе биде реафирмиран ставот за стратешките приоритети на државата, ќе се разговара за евроинтеграциските процеси и разговорите со Бугарија, соопштуваат од Владата.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски