Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу денеска ќе престојува во официјална посета на Косово.
Турскиот функционер на приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ ќе биде пречекан од министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала, соопштија од тој ресор.
Пред да пристигне во Приштина, Чавошоглу разговараше со највисоките српски претставници во Белград.