ЦУК: Викендов заради за санирање на мостот на Маркова Река ќе има времен режим на сообраќај

Од:

Викендов заради реализација на проектот за целосно санирање на оштетувањето на мостот на Маркова Река во населбата Драчево, на овој потег ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

„Оштетувањето на мостот ќе се санира со брзоврзувачки материјали на цементна основа, што ќе овозможат враќање на асфалтот за само 24 часа после реконструкцијата на коловозната плоча. Санацијата е планирано да се заврши за два дена, предвидено до поставување на асфалтната маса и од таа причина се бара период со минимална фреквенција на мостот, значи во еден период од 20-тина часа, сообраќајот на мостот ќе треба да се одвива по само една сообраќајна лента, со најмала можна брзина на движење, од околу 10км/h.

Времениот сообраќаен режим на овој потег ќе важи до завршување на градежните активности за санација на оштетувањата, па оттука Центарот апелира за максимална претпазливост при возењето на учесниците во сообраќајот“, информираат од Центарот за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Исчезнат е повеќе од една седмица: масовна потрага по човекот од Степанци

Четири дена се трага по исчезнатиот жител на штипското село Степанци

ЦУК: Дрвја што го попречуваа текот на реката Пена се отстранети

Горан Наумовски

Активен пожар во Дрисла, вчера вкупно 28, а месецов 484

Дел од повредените ќе се пренесуваат во болници во европски држави