Државните инспектори со најава за стопирање на изградбата на скверот кај Буњаковец!

Од:

Државните инспектори за урбанизам со писмо ја информирале Општина Центар дека ќе преземат активности да се стопира изградбата на скверот кај Буњаковец, каде треба да биде поставено зеленило, обелодени денеска градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски за време на седницата на општината посветена на советнички прашања.

Скверот, кој се наоѓа на ќошот меѓу улицата Ленинова и булеварот Партизански одреди, почна да се уредува пред неколку недели по налог на општина Центар, но од тогаш работите неколкупати беа запрени по налог од извршените инспекции.

Според градоначалникот Жерновски, ова е еден од многуте примери на репресија со кои се соочува општината од страна на државните инспекциски тимови, потсетувајќи дека државниот надзор во општина Центар е веќе секојдневна појава.

skver_bunjakovec (4)

– Денеска со писмо бевме информирани дека изградбата на скверот ќе биде стопирана. Добиваме критики за начинот на кој се работи, а работиме по истиот принцип како и претходно. Тоа вработените во општината ќе ви го потврдат, никогаш претходно немале посета од овој инспекторат. Само за овој проект имавме три посети – рече градоначалникот.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила