„Област-51“ навистина постои!

Од:

Архивата за национална сигурност во Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ добила на увид документ од ЦИА за историјата на програмот и развојот на шпионскиот авион У-2, јави „Асошиејтед прес“. Тој документ бил разгледан уште во 2002 година, но секој факт за базата бил редактиран, односно избришан. Таа година документот го прегледал Џефри Ричелсон од споменатата национална архива.

Тој во 2005 година повторно го побарал истиот документ на увид, а пред неколку недели и го добил, но овој пат во него не било избришано ништо и јасно можело да се прочита каде се спроведувал програмот – во базата позната како „Област-51“.

Ричелсон верува дека ЦИА одлучила повеќе да не го крие овој очигледен факт, кој претходно го потврдувале американските власти, но не и тајните програми кои таму се случувале.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел