Eнергетски пијалаци да или не?

Од:

Енергетските пијалоци прават повеќе штета отколку корист бидејќи нагло го подигаат нивото на шеќер и кофеин.

Кофеински и шеќерен шок

Енергетските пијалаци содржат висок процент на кофеин и шеќер, а тоа прави да се чувствуваме свежи и полни со енергија. Но, тој висок процент на кофеин и шеќер истовремено предизвикува забрзано работење на срцето и проблеми со спиењето.

Наспрема тоа што шеќерот првично дава енергија, потоа следува состојба на нагло опаѓање на енергијата или шеќерен колапс. Затоа енергетските пијалаци не се добри за спортски активности. А не се добри ниту поради кининот што го има во нивниот состав, затоа што лошо влијае на коските. Високиот процент на шеќер ја зголемува и телесната тежина, а ги оштетува и забите. Стоматолозите препорачуваат овој вид пијалаци да не се земаат често, а по земањето устата да се чисти темелно.

Кофеинот може да направи зависност без оглед на тоа дали се внесува преку чај, кафе или енергетски пијалаци. И кога нема да го внесете, најверојатно ќе чувствувате главоболка, мамурлак или замор неколку дена. Во случајот со енергетските пијалаци, состојбата е посериозна, затоа што слаткиот вкус ги привлекува особено младите. Не треба да се охрабрува појавата на земање енергетски пијалаци во комбинација со спорт или за да се надминат енергетските кризи во стресни состојби, особено не кај деца, а со големо внимание кога станува збор за тинејџери.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска