Пред Народното собрание во Софија се одржува собир за поддршка на Никола Минчев

Од:

Пред Народното собрание на Бугарија се одржува протест за поддршка на сменетиот претседател на Собранието Никола Минчев и на владата на премиерот Кирил Петков, јави дописникот на МИА од Софија.

Демонстрантите се децидни дека гласањето во Народното собрание на Бугарија е последица на дејствувањето на мафијата. Според нив, се појавува нова четирикратна коалиција, составена од ГЕРБ, Движењето за права и слободи, „Има таков народ“ и „Преродба“.

Сообраќајот на булеварот Цар Освободител, каде што се наоѓа зградата на бугарскиот парламент, беше блокиран додека луѓето нагло тргнаа кон зградата на Народното собрание. Полициски сили се стационирани помеѓу демонстрантите и зградата на Националното собрание, каде што продолжува дебатата за ребаланс на буџетот. Толпата скандира „Мафијата надвор“.

Демонстрантите бараат Никола Минчев да биде вратен за претседател на Народното собрание. Демонстрантите за поддршка на кабинетот на Минчев и Петков сметаат дека актуелната бугарска влада е единствената која во последните години започнала вистински промени во земјата.

Сменетиот претседател на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев отиде меѓу демонстрантите и им се заблагодари за поддршката. Покрај него, кај демонстрантите излегоа и министерот за електронска управа Божидар Бојанов како и неколкумина пратеници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?