Кај народот се вкоренети многу верувања, кои често пати им пречат на младите мајки и татковци да уживаат во радостите на родителството. Од мноштвото заблуди и предрасуди издвојуваме осум, кои се најраспространети. Сите тие предрасуди претежно сме ги наследиле од нашите мајки и баби, но има и такви кои се појавија неодамна.
1. Мајките веднаш се вљубуваат во своето дете
Не мора да биде така и тоа е сосема нормално. Имено се случува вашето бебе да не е баш такво, какво што сте го замислувале и потребно ви е време да прифатите дека тоа е вашето дете и да го засакате. Меѓутоа мајките често пати се шокирани, бидејќи во своето срце веднаш не наоѓаат доволно љубов за тоа мало суштество, поради што често ги прогонува чувство на вина, што не сакаат да си го признаат ниту на себе, ниту на другите. Признајте како навистина се чувствувате и нема да постои причина за вина и срам, па брзо ќе го сакате своето дете, такво како што е.
2. Бебињата кои долго дојат не можат да се одвојат од својата мајка
Природата се погрижила децата во голема мера да зависат од мајката, бидејќи тие ги одгледуваат и им помагаат да станат силни. Меѓутоа се заборава дека природата го смислила и механизмот на постепено одвојување на детето од мајката. Бебето на процесот на одвојување е подготвено од осум до десет месеци, кога покажува поголема заинтересираност за светот, што го опкружува, што му станува поважно од мајчините гради.
3. Бебето не го разбира значењето на зборовите и поради тоа нема потреба да му ги појаснувате своите постапки
Напротив. Психолозите се согласуваат дека и детето чувствува потреба да биде упатено во промените кои се случуваат во семејството. Затоа е подобро да го запознаете детето со сите случувања во домот и воопшто не е важно што тоа не ги разбира зборовите, доволно е што тоа многу добро ги чувствува работите.
4. Со бебето не треба да одите на јавни места, бидејќи му се потребни мир и тишина
Детето до една година има потреба од постојан пристап до своите родители, но и за нови впечатоци. Децата можат безгрижно да спијат дури и при голема врева, па така за многу млади родители, кои немаат кому да му го остават детето на чување шетањето со него е вистински спас. Секако тука може да дојдат предвид посети на концерти на класична и полесна музика, престој во ресторани, посета на роднини и пријатели.
5. Доколку често го држите детето во раце, тоа ќе се разгали
Популарноста на оваа предрасуда се поврзува со чувството на збунетост и стравот на родителите пред детето, бидејќи сега нивниот живот зависи од неговите потреби. Во непосреден контакт со телото на мајката, детето ја чувствува топлината на раката, ги слуша отчукувањата на срцето и сето тоа му е доволно за да се чувствува заштитено. Затоа не грижете се дека ќе го разгалите детето, туку пружете му заштите кога и да му е потребна.
6. Добрите мајки имаат добри деца (не плачат и не се разболуваат)
Оваа заблуда потекнува од патријархалното време, кога мајчинството било единствена сфера во која жената се сметала за компетентна. Детето може да биде немирно, да плаче, да биде болно, а ништо од тоа не зависи од „квалитетот“ на родителите.
7. Татковците треба да умеат да го смират детето, исто толку добро како и мајката
За жал не умеат. Денес се повеќе татковци се трудат да учествуваат во негата на детето. При тоа тие себе не се сметаат за полноправни учесници во тоа, туку пред се за одлични помошници. Мајките мошне често не се подготвени да им понудат решение, како да го нахранат бебето, како да го облечат или да го подготват за спиење. Критериумот за правилно татковство се огледа во нивната способност сами да го пронајдат својот метод, поинаков од тој на мајката.
8. Доколку родителите се дружељубиви и децата ќе станат такви
Доколку дружељубивоста се пренесуваше преку гените, можеби ова би било точно. Но зал жал во пракса работите се поинакви. За детето да стане отворено, искрено и дружељубиво потребно е многу работа со него.