Рангелова: Жерновски лично нека поднесе тужба за обвинувањата за Скопје 2014

Од:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од општина Центар на прес конференција кажа дека градоначалникот Андреј Жерновски е прогласен за ненадлежен градоначалник кој со ревизијата на Скопје 2014 бега од одговорност.

„Тој требаше да излезе и да се извини за сите досегашни негови обвинувања дека проектот е незаконски и криминален. Неговата ревизија е сосила напишан документ од партиска комисија и нема никаква правна основа за било какви обвинувања. По ова сме убедени дека Жерновски по одредено време повторно ќе излезе и ќе соопшти дека обвинителството не работи соодветно“, рече советничката на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, Даниела Рангелова.

Тие го повикаа Жерновски доколку е навистина убеден во неправилности при градбата на Скопје 2014 или во име на Општината Центар или лично да поднесе тужби за сите обвинувања.

„Тој има право да го направи тоа. Наместо да глуми ненадлежен градоначалник нека излезе и нека понесе одговорнст за тоа што го тврди. При тоа треба да биде свесен дека на суд не поминуваат општите квалификации своеволните оценки и фразии, кои за проектот ги соопштуваат Жерновски и неговата партиска комисија“, рече Даниела Рангелова.

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните