Бектеши: Со новиот Правилник за обновливи извори создадовме услови секое домаќинство и деловен субјект да може да постави фотоволтаик

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес- конференција информираше дека Министерството за економија ги подготви измените и дополнувањата на Правилникот за обновливи извори на енергија со кои се овозможува граѓаните и компаниите да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија.

Овие измени како што кажа министерот Бектеши стапуваат на сила утре, со објавување на Правилникот во Службен весник.

„Со Правилникот за обновливи извори на енергија донесен од страна на Министерството за економија, согласно Законот за енергетика во 2019 година се воведуваат производителите-потрошувачи како нови учесници на пазарот. Согласно Правилникот потрошувач-производител е домаќинство, мал потрошувач, буџетски корисник кој може да изгради постројка за производство на електрична енергија од обновлив извор на енергија, при што произведената електрична енергија ја користи за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведена електрична енергија го предава во електродистрибутивната мрежа. Досега потрошувач-производител може да го предава вишокот на произведена електрична енергија во електродистрибутивната мрежа ако, меѓудругото, не е снабдуван со електрична енергија од универзалниот снабдувач, кажа министерот.

Според него, со овие измени, се овозможува секое домаќинство, мал потрошувач и буџетски корисник корисник да склучи договор за снабдување и предавање на вишокот на произведена електрична енергија со кој било снабдувач со електрична енергија, вклучително и со универзалниот снабдувач, при што вишокот на преземента електрична енергија во пресметковниот период е просечната набавна цена на електричната енергија која универзалниот снабдувач ја набавува за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи.

„Со измените се овозможува потрошувач-производител да постави производна постројка со поголема инсталирана моќност со цел целосно да ја задоволи својата потрошувачка и воедно да пласира поголема количина во мрежата, со што за одредени категории субјекти целиот концепт станува поатрактивен. Па така наместо досегашните 4 kW, се предлага инсталираната моќност на постројката за производство да не е поголема од 6 kW, за домаќинствата и наместо досегашните 20 kW, се предлага инсталираната моќност на постројката за производство да не е поголема од 40 kW, за мал потрошувач, буџетски корисник и единка корисник“ кажа Бектеши и дополни дека со измените се овозможува заедница на домаќинства-сопственици на посебни делови во станбена зграда или заедница на домаќинства-сопственици на посебни делови во станбена зграда кои склучиле договор за вршење управувачки услуги со управител на станбени згради, да може да изгради постројка за производство на електрична енергија од обновливи извор до 6 kW, а произведената електрична енергија да се користи за потребите на заедничките делови во станбената зграда.

Според министерот со цел да се поттикне инвестирањето во обновливи извори на енергија, Владата, на предлог на Министерството за економија ја донесе Програмата за промоција на обновливи извори на домаќинствата за 2022 година.

„Средствата за реализција на оваа програма се во износ од 60.000.000 денари и истите ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на споственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство за 2022 година. Согласно тоа Министерството за економија во наредниот период ќе распише јавен оглас, на кој заинтересираните домаќинства ќе имаат право да аплицираат за остварување на надомест на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка“ кажа министерот и додаде дека со цел поедноставување на процедурите за инсталирање на фотонапонски системи на кров за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка, Министерството за економија предложи до Министерството за транспорт и врски да се направат измени во Законот за градење односно да се избрише одредбата со која општината издава решение за поставување на фотонапонски системи на кров за потрошувачите-производители.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџити веќе седум години нелегално организира онлајн коцкање

Не коментирам изјави на политички маргиналци, вели премиерот Мицкоски

Бектеши ја оценува кривичната пријава како политичко заплашување, ја објави пораката што ја испратил

Усвоената листа на производи за спречување нефер трговски практики дополнително ќе ја намали инфлацијата, најавува Бектеши

Бектеши: Очекувам наредната влада да ја ревидира одлуката за да нема зголемување на цената на електричната енергија

Бектеши бара да се репреговара една енергетска инвестиција: Не може два или три пати да се дава државна помош на ист инвеститор

A1on