Линднер: Германија може да испрати свои цариници на еден од контролните пунктови на бугарско-турската граница

Од:

Министерот за финансии на Германија Кристијан Линднер, кој е во посета на Бугарија, ја пофали земјата за стабилноста на нејзините јавни финансии. Тој ова го коментираше по средбата со вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија Асен Василев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, разговорот бил фокусиран на неколку теми, меѓу кои и способноста на Германија да ги поддржи бугарските напори на граничниот премин Капитан Андреево меѓу Бугарија и Турција со германски царински персонал. Втората тема е поврзана со можноста Бугарија да влезе во еврозоната на 1 јануари 2024 година, што доби поддршка од германскиот министер за финансии.

– Се разговараше за можноста Агенцијата за спречување перење пари и Европското јавно обвинителство да имаат зајакнати ингеренции и да бидат во земја која има многу силна политика во оваа област, како што е Германија, рече Асен Василев.

Тој истакна дека Бугарија високо ја цени поддршката на Германија, конкретно за билатералните прашања и за соработката во Советот на Европа и европските институции. Линднер рече дека е импресиониран од постигнувањата на бугарската страна во однос на модернизацијата на државната администрација и нејзиното вклучување во европските процеси поврзани со претстојното приклучување кон еврозоната. Тој ја пофали и борбата на бугарските власти против корупцијата и дека Софија секогаш може да смета на поддршката на Берлин во оваа насока, изјави германскиот министер за финансии Кристијан Линднер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус