Црна Гора не сака официјално да ги објави имињата на руските државјани на кои им го замрзна имотот

Од:

Црногорските државни институции не сакаат официјално да ги објават имињата на руските државјани чиј имот го замрзнале, со образложение дека не се овластени да даваат такви информации, јави денеска Радио Слободна Европа, повикувајќи се на извори во надлежните државни институции.

Министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ на 10 јуни изјави дека 44 имоти во Црна Гора, во сопственост на 34 руски државјани, се замрзнати.

Замрзнувањето е извршено врз основа на исполнување на обврските преземени со донесувањето на Одлуката за воведување меѓународни рестриктивни мерки против Русија поради воената агресија врз Украина.

Црна Гора, како земја кандидат, ги донесе овие одлуки следејќи ја надворешната политика на Европската Унија.

Коментирајќи го замрзнувањето на имотот на руските граѓани, министерот за надворешни работи Ранко Кривокапиќ денеска изјави дека ова е прв во низата чекори за што поефикасно лоцирање и замрзнување на рускиот имот.

Тој додаде дека процедурите, не само во Црна Гора, туку и на глобално ниво, може да бидат предмет на правни обиди за нивно оспорување, но оти смета дека тие можат да бидат успешни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија