Ушаков: Москва не отфрла директен контакт меѓу Путин и Зеленски

Од:

Помошникот на рускиот претседател во делот на надворешните работи, Јуриј Ушаков, изјави денеска дека официјална Москва не отфрла директен контакт меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски.

-Никој не ја отфрла таа можност, но мора да се исполнат одредени услови и што е најважно, мора да има многу детална подготовка. Никој нема да се сретне со Зеленски без причина, рече Ушаков, пренесен од Тасс.

Ушаков додаде дека рускиот претседател засега не планира средба со американскиот колаг, претседателот Џо Бајден.

-Колку што знам таква средба се уште не е планирана, додаде тој.

Во однос на руско-украинските преговори, Ушаков вели дека нема напредок откако Москва го претстави својот нацрт-договор, истакнувајќи дека „сè е запрено“.

Тој потсети на последната тет-а-тет средба меѓу руските и украинските делегати во Истанбул, во април.

-Нашиот ажуриран нацрт беше претставен на 15 април. Во овој момент тоа е последниот нацрт, бидејќи после тоа немаше никаква реакција. После тоа, можеби имало некои неформални телефонски контакти, не на ниво на делегации, туку на индивидуално ниво, рече претставникот на Кремљ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски е подготвен за да ја прекине војната со Русија

Путин: Трамп не е безбеден

Горан Наумовски

Зеленски го назначи новиот командант на копнените сили на Украина

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

Зеленски го потпиша буџетот за 2025-та со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност

А1он

Предупредување од Путин: „Орешник“ ќе ве претвори во прашина

Горан Наумовски